Анжелик Кербер која во Париз допатува како прва светска тенисерка, а со тоа стана и прв носител на женскиот дел од Ролан Гарос, вториот Гренд Слем го заврши, веднаш, уште по првото коло. Возрасната Германка (30 години) во воведниот круг налета на традиционално незгодната за себе, Елена Макарова и е поразена премногу лесно (6-2, 6-2). Ова за Русинката е втора врзана победа со Кербер во последните два меча.
Анжелик Кербер нема да биде загрозена на првата позиција на ВТА листата, зошто Серена Вилијамс отсуствува, а таа нема да загуби премногу поени во бодувањето бидејќи во Франција, на овој турнир и никогаш не одиграла кој знае колку добро. 1/4 финале е најдобриот пласман на овој турнир за девојката која е родена Бремен, а живее во Полска, што е сосема различно од другите три големи тениски настани каде што има и победи.