Денеска ре – избраниот старо нов претседател на Социјалистичката партија на Македонија Љубисав Иванов Ѕинго е роден во далечната 1936 година во село Трновац општина Кратово од каде што со децении што ги води своите бизниси.
Дипломираниот машински инжинер е единствениот македонски политичар кој што до 2012 година бил дел од сите состави на македонското собрание од неговото формирање во 1990 година а предходно во неколку мандати бил делегат во републичкото собрание на РМ.
Веќе 40 години е генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово а неговиот син Горан Иванов е сопственик и директор на најгледаната македонската телевизија Сител поради што Иванов – Ѕинго пред 5 години се повлече од пратеничката позиција.
Тој бил првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија по осамостојувањето често пати беше изложен на вербални навреди од страна на навивачите на Вардар кои сметаа дека Ѕинго работи само во интерес на фудбалскиот клуб Силекс од Кратово кој е негова сопственост.
Познат е по неговиот специфичен стил на јавни говори во кои користи многу србизми а еден од најконтроверзните чекори во неговата политичка кариера го направи во 1999 година кога со тогашниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас отиде на средба со српскиот претседател Слободан Милошевиќ.