РК Алкалоид со нов триумф над Драгунас Клаипеда во ЕХФ Купот

РК Алкалоид не остави ништо на случајност и заслужено стигна до нов триумф над Драгунас Клаипеда во ЕХФ Купот.

Двете победи во двата меча само потврдија дека Алкалоид е за неколку нивоа подобар тим од литванскиот ривал, нешто што се виде на самото отворање на денешниот натпревар.

Алкалоид отвори со предност од 8:2 и го наметна своето препознатливо темпо, па од тој момент ги диктираше случувањата на теренот и на крајот славеше со 37:31.

Мартин Серафимов со седум погодоци беш енајдобар стрелец на натпреварот, а по шест реализации има дури тројца ракометари од нашиот претставник, односно Бинго, Петковски и Митев.