Стефан Ристовски учестуваше и во двата гола на Динамо Загреб во вечното хрватско дерби со Хајдук на „Максимир“, кое заврши 2:2, но капитенот на „модрите“ предвреме го заврши натпреварот од 24. коло во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) поради два жолти картона.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација и актуелен на загрепчани беше асистент за водечкиот погодок на Мартин Батурина по пет минути игра, а во 48. минута учествуваше и во новото водство од 2:1, кога ја пресече додавањето од Доминик Прпиќ и го проигра Батурина, кој му асистираше на стрелецот Ронел Пјер-Габриел (на линкот).
Но, во 55. минута десниот бек „пожолте“ при спречувањето опасен контранапад на гостите од Сплит, а само шест минути подоцна доби и втор жолт картон за грубиот старт врз Антони Калик (на линкот).
Играчот помалку на теренот го искористи Филип Кровиновиќ во првата минута од судиското продолжение, а во десеттата Динамо остана без уште еден фудбалер по директниот црвен картон за Нико Галешиќ, па мораше да се задоволи со еден бод што го остави трет со 39, шест помалку од Хајдук, а води Риека со 46.
Вториот ексрепрезентативец на Македонија во домашниот тим Аријан Адеми ја напушти играта само по 28 минути игра.