Десниот бек на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, со својот придонес за победата од 2:0 на гостувањето во Салцбург, избори место во најдобриот тим на третото коло во Лигата на шампионите.
Поранешниот репрезентативец на Македонија и капитен до сопственото повлекување поради конфликт со селекторот Благоја Милевски асистираше за двата гола на хрватскиот првак на „Ред бул арената“, за што го доби признанието за играч на натпреварот.