Црната и црвената рибизла се мали и вкусни бобинки кои доколку ги конзумирате редовно, вашето здравје навистина ќе се подобри. Црната рибизла е билка која наликува на црвената, а разликата е во тоа што листовите на црната рибизла од долниот дел имаат маслени жлезди.
Рибизлата има лековито дејство со оглед на количината на витамин Ц, а плодот на црната рибила спречува и оздравува од тешки инфекции, пред се од воспаление на белите дробови. Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија.

Се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Листовите ја покренуваат работата на бубрезите и делуваат корисно кај сите појави на ревматските болести и гихтот, и кај згрутчувањето на крвта во крвните садови. Чајот од листовите на црната рибизла се препорачува кај водена болест, болно мокрење, пролив, мигрена, грчевито кашлање, како и против создавање на болести на мочниот меур.
Црвната рибизла е грмушеста билка со висина од 1 до 2 метри, зависно од тлото и положбата. Некои видови растат во облик на мало дрвце кое има многу кршливи гранки.

Зеленкасто-жолтите цветови висат од гроздови. Големината на бобинките изнесува 5 до 7 сантиметри. Многу се сочни и во месото на плодот се наоѓаат долгнавести семки. Билката е без мирис, а бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.Имаат киселкасто-сладок и освежувачки вкус.