„Пратеникот од Европскиот фронт Скендер Реџепи, кој е и претседател на партијата Народно движење, потврди дека претседателот на ДУИ Али Ахмети имал неколку средби со претседателот на АА Арбен Таравари.“ – објави ТВ Алсат.
Натаму телевизијата пишува: Средби со Таравари, вели Скендер Реџепи, може да одржи секој, но за да стане дел од Европскиот фронт, мора да има согласност од сите политички партии. „Без согласност на сите членови на Европскиот фронт, не може да има додавање на кој било политички субјект во Фронтот.“ – рече Реџепи.
Запрашан дали тоа нема да се случи, ако Села биде против, односно дали се зависи од согласноста на Села, Скендер Реџепи одговори: „Политичката визија на Села е повредна одошто личните негодувања. Но сепак сите прашања мора да бидат дел од дискусиите на масата. Може да има индивидуални средби меѓу секој субјект на Европскиот фронт, но одлука, или барање да се биде дел од големата маса на Европскиот фронт не се случува без согласност на сите учесници на тој фронт.“