Ресенчани, Охриѓани и Стружани во паника од тресење за земјата

Десетина минути по 15 часот денеска во охридско – преспанскиот регион е почувствуван земјотрес со јачина од 3.7 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на десетина километри од Ресен.

Тресењето било силно но кратко, било предизвикано од процеси на земјината кора на три километри длабочина, а најмногу го почувствувале жителите на Ресен, Охрид и Струга.

Нема информации за жртви или материјална штета. Според социјалните мрежи кај дел од граѓаните била пристуна паника а дел избегале на отворено поради страв дека може да има и штета на станбените и деловните објективо регионот.