Ревизија на историските читанки бараат и албански наставници

Комисија која ќе ја промени содржината на учебниците по историја побара и Сојузот на албански наставници во Македонија.

Нухи Дардишта, претседателот на Сојузот, побара нови стратегии и програми, нови книги затоа што на овие од кои сега учат учениците, според негови зборови, рокот одамна им истекол.

„Апелирам од февруари – март да се формира комисија која добро ќе ги провери тие програми и да се дефинира новата стратегија“, вели Нухи Дардиштa, претседател на Сојузот на албанските наставници во Македонија кој побара нови учевбници за историјта зашто „овие на кои сега учат учениците, одамна им поминал рокот“.

Во изјава за МТВ2 Дардишта рече дека наставниците Албанци во Македонија барале Министерството за образование да се консултира за учебниците со граѓанското општество, „а не со истите луѓе од комисиите по министерствата кои не се менуваат“, пренесе МКД.мк.

По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, комисии за ревизија на историјата беа најавени од Софија и од Атина.