Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не мирува и во паузата, и во периодот за репрезенативни обврски, и веќе тргнал со акција за носење на напаѓачот Хари Кејн од Тотенхем. За таа цел белите не сакаат да му платат на претседателот на клубот од Лондон, Даниел Леви, 200 милиони евра колку што тој бара, туку ќе понудат размена на играчи. Прв кандидат за заминување од Сантијаго Бернабе е Герет Бејл, но ако тоа не ја постигне цената во размената би биле додадени Карим Бензема, па дури можеби и Лука Модриќ.