Реал Мадрид го совлада Јувентус со 4-1 во финалето од Лигата на Европските фудбалски шампиони. Мечот на Милениум стадионот во Кардиф беше над стандардите на овие завршници, за што можеби причина беа головите, рамноправно распоредени во првото полувреме. Кристијано Роналдо во 20. минута од првиот шут на Шпанците погоди за водство иако тоа беше период во кој Италијанците беа поактивни, подобри, со повеќе удари кон голот и со посед на топка. Тоа на Јуве му овозможи брзо да се врати и со велелепните полуножички на Манџукиќ (27 минута) да изедначи.
Но екипата од Торино падна веднаш во вториот дел кој целосно му припадна на Реал кој со голови на Каземиро (61) и Роналдо (64) порано и со Асенсио во продолжението, повторно дојде до триумф кој значи дека мадридскиот тим доаѓа до 12. титула во најсилната Европска лига. Јувентус остана на две и го загуби седмото финале.