Реал Мадрид е главен фаворит за откуп на договорот на Џанлуиџи Донарума откако младиот голман соопшти дека не сака нов договор со Милан. Кралевите би платиле 40 милиони евра и би му дале на екстра талентираниот чувар годишна плата од 6 милиони евра. Кралевите не успеаја повторно да го донесат Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед, но го имаат Кејлор Навас кој беше еден од најважните во освојувањето на двете титули, во Примера и ЛШ, но кој постојано е на мета на критичарите.
Претходно вчера најголемата голманска перспектива на Италија и според сите, наследникот на Џиџи Буфон, соопшти преку својот агент Мино Раиола дека не сака нов договор и дека ова или следното лето ќе си замине од Сан Сиро. Веднаш потоа раководството на Милан излезе со детали за преголемите барања на 18. годишниот Џиџи Донарума, кој сакал да стане најплатениот играч на тимот, и со сомневање дека тој веќе има договор со некој клуб.