Реал Мадрид и Јувентус в сабота (20.45) во Кардиф ќе играат за европската клупска титула, и сите си имаат толкувања, погледи, фаворити, па и симпатии. Не дека се репер, нити дека нешто насочуваат, но коефициентите на светски, најголемите обложувалници секогаш се едно од мерилата. Така Реал според најголем дел од нив е фаворизиран со коефициенти од 2.60 до 2.75, на Јуве му се даваат 3 или нешто повеќе, а интересно бројките за реми се паднаа од 3.25 до 3.10, некаде веќе и до коефицинет 3.
Ова може да биде показател за тоа како ќе се одвива мечот на Милениум стадионот во кој сега треба да се очекуваат затворени постави иако капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос вели “Еве сме во Кардиф. Дојдовме да испишеме историја“. Од страна на Јуве потоа се јави голманот Џиџи Буфон кој порача “Мирно спијам, не ме загрижуваат ни Бејл, ни Роналдо. Знам дека ќе бидеме одлични”.