Реал Мадрид во секој поглед ги подига стандардите во светскиот фудбал, а особено во делот на трошокот што го прави за издатоци за фудбалерите. Така претседателот на кралевите Флорентино Перез објави дека за триумф в сабота во Кардиф во финалето од ЛШ против Јувентус, секој фудбалер на Реал, поединечно ќе заработи по 1.5 милиони евра.

Тимот од Мадрид е познат по високите премии, па така годинава веќе потрошиле 32 милиони за истата намена, а лани за победата против Атлетико и освојувањето на 11. титула континентален шампион секој од играчите заработил по 800 илјади евра.