Реакции од Москва: Бајден ризикува почеток на трета светска војна

Напади со американски ракети длабоко во руските региони неизбежно ќе доведат до сериозна ескалацијаизјави за ТАСС шефот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова одби да го коментира наводното одобрување од страна на Џо Бајден Украина со американски ракети да може да гаѓа цели длабоко во руска територија, но рече дека Путин „зборуваше за ова прашање“.

Рускиот претседател претходно ги коментираше евентуалните напади на руска територија од американско оружје со долг дострел. Тој рече дека тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“.

Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ризикува избувнување на трета светска војна.

„Овие момци, администрацијата на Бајден, се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до максимум додека сè уште имаат власт и сѐ уште се на функција“, рече Бутина, членка на владејачката партија Единствена Русија.

„Имам голема надеж дека Трамп ќе ја поништи оваа одлука, доколку биде донесена, бидејќи тие сериозно ризикуваат почеток на трета светска војна, што не е во ничиј интерес“, изјави Бутина за Ројтерс.