Разликата меѓу стариот лидер на светската тениска листа Енди Мареј и новиот втор на истата, Рафа Надал е малку над 2600 поени што е достижно за Шпанецот во сезоната на трева која го вклучува и Вимблдон. Мареј загуби многу поени бидејќи лани играше финале во Париз, а сега испадна една рунда порано, но најголем губитник е Новак Ѓоковиќ кој падна до 4. позиција што е враќање на Србинот на почетокот од подемот во 2009. година.
По раната елиминација во Париз местото на Новак го зазеде Надал, но го прескокна и Стен Вавринка кој сега е трет тенисер на планетата. Меѓу првите 10 на АТП ранкингот се и Федерер, Раониќ, Чилиќ, Тим, Нишикори и Зверев.
Промени, но не така драматични се случија и во женското позиционирање. Серена Вилијамс остана прва тенисерка на светот иако не играше на Францускиот Гренд Слем. Финалистката од Ролан Гарос Симона Халеп пропушти со победа да избие на водечката позиција и е втора, а сензационалната славеничка од Париз Јелена Остапенко од 47. место дојде на 12. што е еден од поголемите скокови (35 места) во ваквиот формат на бодување и рангирање на ВТА листата.