Шпанскиот тенисер кој девет пати победуваше на Ролан Гарос во минатите 12 години, ќе стане шестиот член на друштвото вечни шампиони, и прв Шпанец кој ќе добие тениски монумент во Париз.
Рафаел Надал кој денеска го победи Басилашвили и се уште нема загубено сет на ова издание од Францискиот Гренд Слем ќе добие биста во непосредна близина на терените на кои доминира во овој милениум.
Претседателот на тениската асоцијација на Франција, Бернар Гудичели објави дека статуата на Надал ќе се најде во редот на една дама, Сузан Леглен и четворицата мускетари: Жан Боро, Жак Бруњо, Анри Коше и Рене Лакост.

Надал веќе е во четвртиот круг на 116. издание на Ролан Гарос, а таму, но со многу мака му се приклучи и Новак Ѓоковиќ кој попладнево со 3-2 славеше со Шварцман.