Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација е на собир во неделата на ЕФХ, но терминот наместо за пријателски ќе биде искористен само за заеднички тренинзи. Тоа е одлука на селекторот Раул Гонзалез кој има убаво објаснување.
„Сакам да го искористам ова време до ЕП во Хрватска да тренираме како екипа, тоа за мене е многу поважно. Кога имаме натпревари, не можеме доволно да се подготвиме, да се воиграме. Верувам дека тоа е подобро за сите“ вели Шпанецот.
На собирот во Скопје се повикани 21 ракометар, меѓу нив е и повратникот Прибак, кои ќе конкурираат за настап на Европското на кое не очекуваат, барем во првиот групен дел, дуели со Словенија, Црна Гора и Германија. Тоа се мечеви од групата Ц во интервалот од 13 до 17 јануари.
„Кога ќе играме на ЕП сите треба да знаат како функционира одбраната, како нападот, сите комбинации, за на средбите повеќето да биде рутина“ дообјасни Раул Гонзалез.