Македонската машка ракометна репрезенатција полека се составува во препознатливиот изглед за решавачките дуели од квалификациите за Европското првенство што во Хрватска се одржува во јануари. На подготовките во Скопје од денеска се Филип Талевски и Дејан Манасков кои со Рајн Некар ја прославија титулата во Бундес лигата, Филип Миркуловски кој доаѓа од истиот правец и Стојанче Стоилов кој доби некој ден одмор по настапите со Вардар.

За утре е предвидено приклучувањето на Кире Лазаров и Борко Ристовски кои со Барселона вчера го освоија шпанскиот Куп. Тие ќе имаа само два тренинга пред патувањето в среда за Украина каде в четврток (19.00)не очекува, можеби и клучниот меч во овој турнус, зошто во случај да не славиме, в недела (20.45) во Скопје против Чешка ќе бидеме под притисок и силен императив на триумф и тоа изразен со поголема разлика.

Сите четири селекции во групата 4 од квалификациите за ЕП имаат по две домашни победи и по два гостински пораза, ние сме моментно втори, а пласман на завршницата обезбедуваат две репрезенатции.