Познатиот актер познат по експлицитните ликови во филмовите “Пиратите од Карибите”, е во лоша финансиска ситуација, јавуваат извори блиски до 54. годишниот Деп. Тој на својот поранешен менаџерски тим со кој подолго е во судски спор поради лошо управување со неговите пари, им понудил да се раздолжува откако ќе продаде се што поседува. Актерот никако не успевал да ги покрие трошоците кои ги има на своите недвижнини создадени и купени во 30. годишната кариера.
Поради лошата финансиска ситуација Џони Деп бил подготвен да се откаже од се, од сите угодности на кои навикнал со годините, само не сака да се откаже од приватните летови при патувањата бидејќи комерцијалните за актерот, според негови изјави, биле нешто неподносливо.