Пет луѓе се повредени, а напаѓачот е убиен во инцидентот што денеска се случил во Александрија, во сојузнта американска држава Вирџинија. Како што пренесува АП пукотницата се случила во непосредна близина на група конгресмени кои биле на тренинг на бејзбол. Во време на истата били испукани десетина куршуми, по што настрадал републиканецот Стив Скалис, а ранети се уште четири други лица, од кои двајца се полицајци.

Претседателот на САД Доналд Трамп во брзо организирано ТВ обраќање до јавноста го соопшти идентитетот на напаѓачот, Џејмс Хоџкинсон, и побара единство од нацијата, но немаше детали за поводот за нападот.