Рамиз Мерко – За Ахмети и Џафери беше „мајмун“ а сега е добар за министер

Човекот за кој што лидерот на ДУИ и еден од основачите на партијата Муса Џафери пред неколку години сметаа дека е „мајмун“ од идната недела ќе биде член на македонската влада токму на предлог на Ахмети и Џафери.

Екс градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во една од бомбите кои што ги објави лидерот на СДСМ од страна на Муса Џафери е наречен мајмун на што нема никаква реакција од Ахмети.

Причината за ваквата навреда кон Мерко е тоа што тој не успеал да ги собере сите предлози за кандидати за градоначалник на Струга од месните комитети. Тогаш според Ахмети и Џафери Мерко го скарал раководството на ДУИ со сите членови во струшко.

Еве го транскриптот кој што го објави лидерот на СДСМ и иден шеф на Мерко во владата Зоран Заев.

Транскрипт 13: Муса Џафери- Рамиз Мерко е мајмун

19.Разговор помеѓу Муса Џафери и Али Ахмети

МЏ: Што има некоја вест нешто?

АА: Не сум слушнал нешто, незнам.

МЏ: Овие новините ги видов таму, кандидатурите на Струга.

АА: Што велат тие?

МЏ: Навистина е тој Лиман Мурати? Или го ставаат овие да го изгорат?

АА : Го ставаат да го изгорат. Кој беше друг?

МЏ: Овој. Според ЖУРНАЛ видов, незнам дали направиле.  

АА: Кои се тие?

МЏ: Актуелниот Претседател (Рамиз Мерко) и Мурат.

АА: Тој е мајмун. Тој не ги повикал месните совети да направат предлози.

МЏ: Како што прочитав видов дека намерно е направен Мурат.

АА: Аха.

МЏ: Има лек таа работа.

АА: Има лек, ќе им ја вратиме назад (листата со кандидати), ќе им речеме месните совети нека предложат (кандидати) како секаде.

МЏ: Не, не, не чини да се остави така зашто тој ни направи 100 проблеми.

АА: Да де.

МЏ: Не скара со сите луѓе.

АА: Да де.

Саммо две години откако Ахмети и Џафери го прогласиле за „мајмун“  Мерко кој е доктор на економски науки но според негови блиски луѓе не знае ниту еден странски јазик освен албански и српски ќе  треба да носи странски инвестиции во земјава.

Фото насловна страница а1он