Бугарскиот премиер Еди Рама по денешниот почеток на преговорите на неговата земја за членство во Европската унија искажа убедување дека историјата не смее да биде пречка за тоа, мислејќи на одвојувањето на Македонија поради уцената од Бугарија за впишување на Бугари во македонскиот устав.
„Морам да кажам дека се чувствуваме навистина тажни, и тоа искрено го кажувам, за фактот дека нашата братска Северна Македонија сè уште не е во можност да ја почне оваа фаза на процесот, иако тие беа меѓу првите, ако не и прва што го почна процесот. Па, кога зборувам за нашите понижувања, три пати по ред бевме одбивани да ги почнеме преговорите за пристапување, се чувствувам некако засрамен кога ќе помислам на понижувањето на Северна Македонија. Тие дури го сменија и името за да овозможат старт на преговорите. И да, стојам зад сè што имам кажано за нашите бугарски пријатели“, рече Рама во Брисел.