Цела Европа ќе дојде во Тирана пред нозете на Скендербег, изјави албанскиот премиер Еди Рама,по сигналите дека Албаија мора да ги заврши преговорите со Европската Унија(ЕУ) до 2027 година.
Рама додаде дека на 16 мај цела Европа ќе дојде во албанската престолнина Тирана, додавајќи дека тоа не е случајно, објави , објави Клан Косово.
„Албанија треба да ги заврши преговорите со ЕУ. Цела Европа ќе дојде тука на 16 мај, пред нозете на Скендербег. Ова не е случајност“, вели Рама кој кон средината на минатиот месец, тој изјави дека веќе се почнати подготовките за големиот самит на НАТО во Албанија на 16 мај и дека лидерите на ЕУ ќе присуствуваат на вечерата еден ден претходно.
Албанија ги почна преговорите со ЕУ и според најавите на европските лидери, има шанси за брзо да влезе во ЕУ, односно до 2027 година. Истите шанси ги има и Црна Гора.