Рамадани: Албанците немаа потреба за промена на уставот, што има врска со македонскиот идентитет, туку да се ослободат од заканите на Ахмети!

„Албанците во Македонија немаа потреба многу за промените во уставот, кои имаат врска со македонскиот идентитет и култура, како и со нивната историја, туку имаа потреба за ДЕМОКРАТИЈА, да се ослободат од ЗАКАНИТЕ од власта на Али Ахмети и неговата група на паразити, кои го користат изразот ‘УЧК, УЧК’ и немилосрдно го пљачкаат својот народ! Не можат да ни држат лекции за македонскиот национализам луѓе, кои работеле во државната безбедност. Европската Унија и Соединетите Американски Држави сакаат да нѐ интегрираат во ЕУ, без да го прашаат никого за тоа, а во ЕУ има внатрешна геополитичка и финансиска криза и таа е во војна со Русија! Соединетите Американски Држави и ЕУ вршат притисок за промени, но промените веќе ги направија опозицискиот фронт и Мицкоски со својата решителност да ја земе опозицијата во Владата!“ – пишува лекарот од Куманово Реџаил Рамадани во својата колумна со наслов „Албанците имаа потреба да се ослободат од заканите на Али Ахмети“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Рамадани пишува: Албанците во Македонија немаа потреба многу за промените во уставот, кои имаат врска со македонскиот идентитет и култура, како и со нивната историја, туку имаат потреба за ДЕМОКРАТИЈА, да се ослободат од ЗАКАНИТЕ од власта на Али Ахмети. Албанците имаат потреба да создадат КОНКУРЕНТНА ДЕМОКРАТИЈА (натпреварувачка демократија – заб.прев.), да се натпреваруваат со личните вредности. Но една група паразити секогаш го користат изразот „УЧК, УЧК“ и немилосрдно го пљачкаат својот народ.

Европската Унија и Соединетите Американски Држави сакаат да нѐ интегрираат во ЕУ, без да го прашаат никого за тоа. Но, постои криза внатре во ЕУ, која ги остава во една статус-кво ситуација. Во ЕУ постои внатрешна геополитичка и финансиска криза и таа е во војна со Русија.

Соединетите Американски Држави и ЕУ се кингмејкерите („кралевите“, кои одлучуваат – заб.прев.), кои учествуваат во сите ПОЛИТИЧКИ процеси како преговарачи, како страна, што врши притисок за промени, но промените се веќе направени. За ДЕМОКРАТИЈАТА придонесе албанскиот НАРОД и младината, кои создадоа дух на отпор. Сите овие мали партии, кои се бореа за опстанок, Албин Курти ги обедини во опозициски фронт. И решителноста на Мицкоски да ја земе опозицијата во Владата!

ДУИ треба да се декриминализира, а потоа да стане нормална партија и да се натпреваруваат со ЛИЧНИ ВРЕДНОСТИ. Не можат да ни држат лекции за македонскиот национализам луѓе, кои работеле во државната безбедност.