Македонија е константа во европскиот репрезентативен ракомет што најдобро се гледа од четвртото учество во серија на континенталните собири на оваа генерација, слободно можеме да ја наречеме, генерација на Кире Лазаров. Со тоа е изедначен еден овдешен, македонски рекорд зошто до сега само кошаркарите (од 2009. до 2015. година) беа единствена наша селекција која имала ваква низа од 4 настапи на завршниците на големите настани.
Со петтото учество, пак, вкупно, ракометарите влегуваат и во редот на најуспешните македонски репрезентации заедно, одново со кошаркарите, но и со ракометарките. Со тоа што не треба да заборавиме дека двата наши ракометни национални тима имаат и по пет настапи на Светските првенства.
По ова се наметнува и дилемата за пласманот во Хрватска од 12. до 28 јануари 2018. година. Во 2009. година на планетарниот собир во истата земја бевме хит и завршивме како11. што беше почеток на подемот кој во 2012. година не донесе до 5. место на ЕП во Србија. Во пласманот во екипните натпреварувања наше, се уште, најголемо достигнување е полуфиналето и 4. позиција на кошаркарите на ЕП во Литванија во 2011. година.
Кој знае. Можеби само до следниот јануари?