Засилени со Миријета Бајрамовска и на крилјата на успешните квалификации пред шест месеци на Фарските острови кога во последното коло го изненадивме Исланд вечерва во Скопје го дочекуваме скандинавскиот гигант. Шведска има премногу играчи кои настапуваат во Лигата на шампионите и играа на 8 од последните девет големи натпреварувања како Европското и Светското првенство, и на Олимписки игри. Затоа гостинот е и голем фаворит, но ние не сме потполни аутсајдери за што треба да помогне и домашната публика. Сега ние можеби и ги подигнавме стандардите, но секогаш е добро да се свртиш кон оние што први не внесоа на главната сцена.

Бараж мечот број 1 за Светското првенство за ракометарки на крајот од годината во Германија меѓу Македонија и Шведска е вечерва во салата во СРЦ Кале во Скопје од 20.30.