Oколу 90 ракети „Патриот“ од Израел се испраќаат во Украина во трансфер овозможен од САД, изјави претставник на американската одбрана, јави Си-Ен-Ен
Ракетите биле складирани во Израел, кој управувал со системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ повеќе од 30 години пред да ги повлече во април.
Прговорите за пренос на ракетите од Израел во Украина се во тек уште од минатото лето, кога претставниците на администрацијата на Бајден се надеваа дека би можеле да дозволат неискористените проектили да бидат испратени во Киев за да помогнат во војната со Русија.
Ова е најзначајната испорака на оружје од Израел за Украина од руската инвазија пред речиси три години.