Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја коментираше дозволата од САД за користење на американските ракети „атакамс“ за гаѓање цели длабоко на руска територија.
„Планот за засилување на Украина е Планот за победа што им го претставив на моите партнери. Една од главните точки е далекуметноста на нашата армија. Денеска многумина во медиумите велат дека сме добиле дозвола да одговориме. Но, удари не се нанесуваат со зборови. Такви работи не се најавуваат. Ракетите ќе зборуваат сами за себе“, изјави Зеленски.