Владата го назначила Влатко Стојкоски за нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ). Досегашниот директор на инспекторатот, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт. Тој на позицијата беше од декември 2022 година, сега чека официјално решение за неговото разрешување, согласно законските прописи.
Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески осврнувајќи се на ефектите од есенската потрошувачка кошничка, соопшти дека вчера е назначен нов директор на ДПИ.
Инаку уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, најавија воведување поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените.