Полковник Сузана Мaјерс, командантот на американската воена база Питуфик на Гренланд е разрешена од должноста, соопшти Командата за вселенски операции. Причината е што е изгубена довербата во нејзините лидерски способности, се вели во одлуката. Од командантите се очекува да ги задржат највисоките стандарди на однесување, особено во однос на непартиското извршување на нивните должности, се додава. Командата сега ја презел полковник Шон Ли.
Слични изјави даде и портпаролот на американското Министерство за одбрана, Шон Парнел. Тој на платформата X напиша дека активностите што го поткопуваат синџирот на команди или агендата на претседателот Трамп нема да бидат толерирани во Министерството за одбрана.
Одлуката е донесена само две недели откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го посети островот.