Радост и тага во Италија, наместо до Радика нашинците се собраа во Цесиомаџоре (ВИДЕО)

Радост и тага во Италија, наместо во ,,Река” во Македонија нашинците главно по потекло од долината на реката Радика се собраа на ,,Радика Купот” во градот Цесиомаџоре.

Во ова италијанско градче викендов се собраа илјадници македонски иселеници кои се по потекло од населените места на реката Радика и други села и градови од Македонија а дојдоа од повеќе европски земји.

Нашинците учествуваа на турнирот во мал фудбал на трева именуван по реката каде се родиле тие или нивните родители.

Покрај среќата на победниците и сите луѓе од Македонија дека се сретнале со своите сонародници на настанот вообичаено паѓа и по некоја солза за печалбарската судбина која од своите огништа во последниве 30 години откорна десетици илјади луѓе од Македонија особено од реканскиот крај на потегот од Гостивар, Ростуше, Маврово, Дебар и Струга.

Турнирот на кој беа пријавени 30 а учествуваа 20 екипи победи тимот на ФК Радика од Џемона.

Прославата се разбира не можеше да помине без легендарната песна ,,Жировница пуста останала…”.