Српските студенти утрово продолжуваат да ги блокираат сите три влеза во зградата на Радиотелевизија на Србија (РТС) во центарот на Белград.
Блокадата која започна синоќа во 23 часа, најавено е дека ќе трае 22 часа.
По синоќешната пресметка меѓу дел од студентите и полицијата, утрово ситуацијата е многу помирна.
N1 Србија известува дека обезбедувањето направило жив ѕид пред главниот влез и не им дозволува на вработените да влезат во зградата, додека вработените кои сакаат да ја напуштат можат слободно да го сторат тоа.
Студентите за Нова.рс изјавија дека утрово неколку лица, најверојатно вработени во РТС, се обиделе да влезат во зградата, но им било кажано дека е во тек блокада.
На социјалните мрежи се појави информација дека дел од студентите отишле на Кошутњак со цел да блокираат друго студио на РТС од кое може да се емитува програмата. Но, во меѓувреме полицијата ги блокираше сите приоди до студиото, а во дворот има бројни жандармериски џипови, полициски комбиња и автомобили.
Блокадата синоќа започна ненадејно, а повикот бил објавен на социјалните мрежи непосредно пред почетокот.
Студентите ги повикаа граѓаните да им дадат поддршка…