Радио Лидер објавува неверојатна сторија за тоа како сопругот на Весна Дамева и неговите газди сакаат да дојдат до 700 илјади евра туѓи пари.
Во емисијата Љупчо Златев разговара со Сашо Давитковски, екс член на менаџментот на Скопски Пазар чии 700 илјади евра се блокирани со години иако Врховниот суд проценил дека нема сторено кривично дело.
Случајот за кој expres.mk пишуваше во повеќе наврати сега е раскажан во детали од човекот кој иако нема сторено кривично дело со години оди по судови за да докаже дека никој не треба да му го земе неговите пари.
Во емисијата Давитковски открива дека најголем дел од судиите кои биле дел од процесот на мистериозен начин подоцна стануваат судии во Апелација а за тоа кој ќе биде унапреден одлучува меѓу другите Весна Дамева, чиј сопруг Младен Дамев е тужител во спорот за 700 илјади евра.
Моќната Весна Дамева е контроверзната членка на Судскиот совет која беше предложена од Стево Пендаровски а била член на комисијата за правда на СДСМ.
Слушнете го неверојатното сведочење на Сашо Давитковски кој и по пресуда на Врховниот суд не може да дојде до своите пари.
Фото Радио Лидер