Ако помине предлогот на Министерството за труд до Владата за изменување на Законот за работни односи со кој во иднина работодавците ќе немаат обврска за објавување на огласи за вработување невработените ќе останат во темница.
Во информацијата од владата нема детали дали ова се однесува само на приватните фирми или може да важи и за државната администрација.
Според точката 71 од последната владина седница за можноста за кратење или намалување на обврска за објава на оглас за вработување од страна на компаниите, невработените ќе немаат начин јавно да следат каде има слободни работни места.
Ако владата го прифати овој предлог во делот за целосно ослободување од обврските за работодавците особено во јавниот сектор, во иднина тие ќе можат да вработуваат луѓе со минимална транспарентност, со која ќе се намали и конкуренцијата за работните места.
Сегашните трошоци за објавување оглас за слободно работно место во весниците се минимални.