Државниот обвинител на Шпанија, Хозе Мануел Маза, потврди денес дека ќе бидат подигнати обвиненија за бунт и поттикнување на бунт против лидерите на Каталонија поради обид за отцепување на овој регион од Шпанија, пренесува Ројтерс.
Маза изјави дека обвиненет ќе биде соборениот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, како и против членовите на владата и лидерите на регионалниот парламент, кој го дозволија гласањето за независност во петокот.
За кривичните дела (побуна, сецесионизам, нелегално гласање) за кои ќе бидат обвинети предвидени се казни од 30, 15 и шест години затвор.
Се тврди дека Маза, исто така, побарал и обвинение за злоупотреба на фондови.
Официјални лица од шпанската влада потврдија дека Пуџдемон отпатувал за Брисел, објави АП.
Оваа вест беше објавена откако светските агенции го поставија прашањето каде се наоѓа тој.
Викендов беа лиферувани вести дека Пуџдемон можеби ќе добие политички азил во Белгија, доколку го побара тоа, изјавил белгискиот минисер за миграции, Тео Франкен, но оваа информација беше демантирана.
Агенции пренесоа и вест дека во пресрет на прогласувањето независност во петокот, сопругата на Пуџдемон, Марсела Топор, заминала за родната Романија заедно со двете ќерки.