Пуцко јуниор имал нарушено здравје, што е тоа? Или притвор е за обични смртници, прашува адвокатот Јанаки

И адвокатската фела реагира за добивањето куќен притво за Асмир Јахоски, кој е еден од главните осомничени за сомнителните набавви на мазут.

Реакција има и адвокатот Јанаки Митровски, кој прашува какво е тоа нарушено здравје, и објаснува дека овој аргумент не е прифатлив освен доколку не се работи за животнозагрозувачка состојба. 

„Пуцко Јуниор имал цврсти врски со семејството, фирма со многу вработени и нарушено здравје. Сем ако тоа нарушено здравје не е животно загрозувачка состојба, што тоа значи?

Задњи пет од пет јадеме притвор, ама тоа е за обични смртници, тогаш се цени ‚висина на запретена санкција, начин на сторување на кривично дело, степен на загрозеност на заштитено добро’. Ама Јанаки дрога продавал (често канабис) па го загрозувал здравјето. Јер да дилаш канцероген мазут не го загрозува здравјето“, пишува на фејсбук овој адвокат.