Путин: Човекот со добра фризура ѝ забрани на Украина да склучи мир

 

Рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна конференција одговараше на прашања поврзани со можниот мир во Украина.

Запрашан за неговата подготвеност за компромис, тој рече:

„Политиката е уметност на компромис, Русија секогаш била подготвена за преговори“.

Путин тврди дека бил постигнат договор со Киев во 2022 година, но (британскиот премиер -н.з.) Борис Џонсон – кого го нарекува „човек со добра фризура“ – ѝ забранил на Украина да склучува мир.

На почетокот на оваа година Русија го обвини Џонсон за колапс на преговорите, потсетува Индекс.хр.