Путин потпиша закон за взаемна одбрана со Северна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за договорот за стратешко партнерство со Северна Кореја, кој вклучува одредба за взаемна одбрана, според декретот објавен во саботата.

Договорот, кој во јуни го потпишаа Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун по самитот во Пјонгјанг, предвидува взаемна помош на потписниците во случај на воен напад.

Горниот дом на рускиот парламент го ратификуваше договорот оваа недела, а Долниот дом го одобри минатиот месец.

Путин го потпиша указот за ратификација, кој беше објавен на вебстраницата на владата во саботата.

Односите меѓу Москва и Пјонгјанг станаа поблиски по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Според извештаите од Јужна Кореја и од западните земји, Северна Кореја ја снабдувала Русија со оружје.

Украинските форензички експерти велат дека на местата на руските напади пронашле траги од севернокорејско оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека Северна Кореја испратила 11.000 војници во Русија и дека некои севернокорејски сили претрпеле загуби во борбите со украинските сили во јужниот руски регион Курск.

Русија не го потврди присуството на севернокорејски војници.