Путин нема смартфон

Рускиот претседател се состана денеска во источниот град Новосибирск со водечки научници во неговата земја.

„Вие велите дека денес секој има паметен телефон, но јас не сум како другите, и немам таков уред со висока технологија”, рече тој.

Всушност шефот на Руската федерација така одговори на прашањето на директорот на Институтот за нуклеарна енергија Михаил Коваљчук.

„Господине претседателе, сите луѓе имаат паметни телефони, кој паметен телефон го користите вие?“, праша научникот.