Путин како диџеј, Трамп како „денсер“ во видеото на денот

Урнебесно видео на денот постира налогот Wall Street Mav на Икс (поранешен Твитер), во која главните улоги ги имаат (двојници на) рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

„Следниот самит на Г20 ќе биде див“, коментира корисникот што ја „запали“ социјалната мрежа со видеото во кое Путин глуми диџеј, а покрај него Трамп танцува во својот препознатлив стил.