Путин го кани Запад на двобој: Немате шанси со „орешник“

 

Запрашан за суперсоничната ракета „Орешник“ – новата руска балистичка ракета употребена против Украина во ноември – рускиот претседател Владимир Путин инсистира на тоа дека западната технологија „нема шанси“ да ја пресретне.

„Ајде да одржиме експеримент или двобој.
Изберете цел во Киев, донесете ја западната воздушна одбрана таму и видете дали ќе можат да ја пресретнат.

Тоа ќе биде интересно за нас“, рече тој на традиционалната годишна конференција.

Путин претходно рече дека оружјето, кога се користело во Украина минатиот месец, патувало со брзина од 10 маха, или 2,5-3 километри во секунда (10 пати поголема од брзината на звукот), додавајќи дека „во моментов не постои начин да се спротивстави на ова оружје“.