Раководството на Пари Сен Жермен подготвило понуда во вредност од 60. милиони фунти за напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Според “Тајмс”, Аргентинецот нема ништо против да се пресели во Париз. Серхио Агуеро веќе не е сигурен стартер во Сити, откако младата ѕвезда Габриел Жесус добива се повеќе шанси за докажување од Пеп Гвардиола.
Според тековните гласини за купување и на Кристијано Роналдо лесно може да се случи “Светците” да потрошат 300 милиони евра, но и да создадат извонреден напаѓачки тандем Роналдо-Агуеро со кој дефинитивно би можеле да бидат конкурентни за освојување на Лигата на шампионите.