Кога по завршувањето на Купот на Конфедерациите на маса ќе седнат најдобриот светски фудбалер и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, Португалецот ќе му ја соопшти сумата што нему веќе му ја кажале од ПСЖ. Марка тврди дека ова ќе биде текот на настаните, а и дека сумата е точно 200 милиони евра. Тоа треба да е адутот на Роналдо кој сака да си оди на Сантијаго Бернабе, но тоа да не биде Кина туку некој од големите европски клубови кои ќе претендираат на триумф во Лигата на шампионите.
Дали на шега или пак, мислеше вистина, Перез вчера рече дека Роналдо може да си оди за една милијарда, и не е важно дали се евра, фунти или долари, колку што јасно укажува на неговото расположение. Но ако Роналдо инсистира на заминување, тогаш Перез сигурно не ќе може да ја пренебрегне оваа сума, која би била рекорд над сите фудбалски рекорди.