Прст пред око не се гледа, камоли Амбасада на САД, се пожалија оттаму

Алармантното загадување на воздухот во Скопје ја испровоцира и Амбасада на Соединети Американски Држави во Македонија, која за проблемот со кој деновиве се соочуваат жителите на главниот град реагира денеска на „Твитер“.

„Аерозагадувањето беше толку густо денеска што тешко можеше да се види и амбасадата! Какви идеи имате за почист воздух во Македонија?“, ги поттикна засегнатите на акција американското дипломатско претставништво во македонскиот главен град.


Изминатите 24 часа во Скопје е регистрирано високо ниво на загаденост на воздухот, при што вредноста на ПМ-честичките се движеше меѓу 216 и 572 микрограми на кубен метар, а дозволената граница е 50.