„Про“ и „контра“ за решение на името, од Грчки експертски агол

Грчкиот политолог Василис Спириакос Патронас кој што е експерт за европска политика и економија во своја анализа за можноста од изнаоѓање решение во грчко македонскиот спор за името издвојува неколку про и контра аргументи.

Според него позитивните чекори на новата влада во Скопје дава добра база за решение на спорот особено поради критиките кон старата влада за трошење милиони евра на споменици на грчки херои, што со симпатии се гледа во Атина.

Предност во целата ситуација според него е и што Албаниците во Македонија не се многу заинтересирани за спорот за името, не чувствуваат емоција за ова прашање и тие можат да бидат објективниот фактор кој што ќе притисне внатре за поголема фелксибилност при негово решавање.

Кај грчката страна најголем проблем е партнерот на Сириза во владата, партијата АНЕЛ која што пред неколку месеци се закани дека ќе се повлече од владата затоа што еден министер на Сириза ФИРОМ ја нарекол Македонија.

Сириза според Патронас не би требала да биде најголем проблем затоа што и во опозиција северниот сосед често пати го нарекуваше Македонија.

Можеби најголем проблем во Грција, според Патронас, се граѓаните од кои најголем процент се противат на употребата на зборот Македонија во било какво компромисно решение.

И покрај тоа што состојбата е комплексна, фактот што во двете земји на власт се левичарски партии дава надеж дека може да се дојде до решение. Тука според Патронас мора да се пресмета и притисокот кој што сигурно ќе дојде од ЕУ и САД кои што ќе ја користат стратегијата на „морков и стап“.

Стравот од поголеми активности на Русија какоо што се случи во Црна Гора, исто така треба да биде фактор кој што може да помогне при решавање на спорот, смета грчкиот експерт.

 

Василис Спиријакос Патронас е аналитичар на грчкиот тинк -тенк Синпраксис а во моментов е истражувач по политичка економија на Европа на Лондонската Школа за Економија и политички науки.