Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска ќе го води дербито од групата Ц во женската Лига на шампионите меѓу Јувентус и Баерн Минхен закажано за утре од 18:45 часот во Торино.
На првата Македонка со знакот на ФИФА, која судеше на Европското првенство за жени во 2022 година, а во јуни годинава и на Светскиот шампионат до 20 години, ќе ѝ асистираат Наргис Магау од Казахстан и Свитлана Грушко од Украина, а четврта судијка е Христијана Гутева од Бугарија.