Home Популарно Против Русија војуваме со 980.000 војници – тврди Зеленски

Против Русија војуваме со 980.000 војници – тврди Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина има 980.000 вооружени луѓе кои се борат против Русија на сите фронтови и дека украинската армија е „најголема во Европа“.

„Киев Индипендент“ наведува дека Зеленски во таа проценка не ја земал предвид Русија, која пред речиси три години ја нападна Украина со повеќе од милион луѓе.

„Украина ја има најголемата војска во Европа. По нас доаѓа Франција, која има четири пати помалку војници. Ми се чини дека Французите имаат 200.000 војници, а ние 980.000“, посочи Зеленски.