Протерана од САД заради една реченица!

Педесетгодишната Захрија Пуровиќ деновиве беше депортирана во Црна Гора од САД по 30 години престој во таа земја.

Нејзините проблеми започнале во 2001 година, кога, според семејството, таа и нејзиниот сопруг дале контрадикторни изјави за тоа кога и каде се запознале.

Захрија рекла дека се сретнале во САД, а нејзиниот сопруг дека се венчале пред да заминат за САД. Овие изјави не им се допаднале на имиграциските власти кои заедно со Судот, досеоа одлука таа да ги напушти САД. .

Нејзиниот најмлад син Елвир вели дека се надевале дека судот ќе ѝ дозволи да остане во земјата, но тоа не се случи.

Захрија имала 19 години кога дошла во САД. Сега, со 50, се враќа во Црна Гора.

https://youtu.be/-xUnaVxlMFE