По многу значајната и заслужена иако ќе признаеме изненадувачка победа од 1-0 во Израел, најдобрите македонски фудбалери се враќаат дома каде наскоро ги очекува нов предизвик во квалификациите за Светското првенство. Станува збор за осмиот натпревар во групата Г кој е предвиден за вторник во Струмица против Албанија која ни доаѓа со сериозна, но се уште достижна разлика од 6 бода на третото место.

Тоа создава уште повеќе императиви за дуелот што за два дена започнува во 20.45, а добро е што се уверивме дека имаме квалитет за таа средна група репрезентации и што првата селекција го фати патот, редот што го востановија „младата“ и клубовите, во прв ред Вардар.

„Оваа победа треба водич за понатаму, имаме подмладен состав, но на овие момци треба да им се даде доверба. Мислам дека во следните квалификации овој тим може да направи резултат. Не чека уште еден тежок натпревар против Албанија во Струмица, каде ќе имаме мотив да победиме”, рече синоќа по дуелот стрелецот на единствениот гол Горан Пандев.